Како функционира
Еден внес. Поврзани информации. Помалку администрација.
1 / 9
Терминот се евидентира во календарот на клиниката.
2 / 9
Докторот го прегледува пациентот и го планира третманот во електронскиот картон.
3 / 9
Од картонот се креира налог со потребните информации за изработката.
4 / 9
Лабораторијата го прима налогот и ја организира работата.
5 / 9
Техничарите работат по производни фази и ја евидентираат завршената работа.
6 / 9
Пробите се закажуваат во клиниката; корекциите и повторените изработки остануваат поврзани со налогот.
7 / 9
Лабораторијата ја завршува изработката и клиниката го гледа статусот.
8 / 9
Клиниката ја презема изработката и го завршува третманот на пациентот.
9 / 9
Фактурите, плаќањата и побарувањата се евидентираат во системот.
Секоја организација ги чува своите податоци и своите права за пристап. Се споделува само она што е потребно за заедничкиот случај.
Закажете бесплатна презентација. Ќе ви покажеме како iDental и iDentalLab работат за вашата организација.